Коментар на 15.коло: Три екипи на врвот имаат по 30 бода и иста гол – разлика со +15!

289

Пишува: Зоран Ѓоршоски

По двонеделна пауза вчера продолжија возбудувањата во нашата елитна фудбалска лига. Во недостиг на класично дерби, сепак погледите беа свртени кон Чаир и тоа од неколку причини. Гостуваше Силекс кој е во победничка серија, роденденот на “Шверцерите“ и појавувањето на новиот газда на Шкупи.

И сето тоа не му пречеше на Силекс предводен од стратегот Александар Васоски и фантастичниот Дарко Додевм да одигра фантастично и со 0:2 просто да го “уништи“ домашниот состав. Одамна Силекс не одиграл така, одамна не покажал сила.

Па така сега Силекс заедно со Шкендија и Гостивар е на делба на првото место на табелата со 30 бодови и со иста гол разлика +15 голови. Сепак тетовци се први зошто имаат повеќе постигнати голови.

И да се знае. За есенската титула кога ќе се решава во случај на ист број бодови ќе се гледа гол разликата а не меѓусебниот скор. Така како што е сега табелата според Кометот на ФФМ. По последното коло за пласманот, во случај на ист број бодови ќе решава меѓусебниот скор за било кое место на табелата.

Ако вчера завршеше полусезоната тогаш Шкендија ќе беше со провизорната есенска титула, Гостивар ќе беше втор а Силекс трет. Ова е за тие што не знаат па си пишуваат на своите ФБ профили дека се лидери. Лидер е Шкендија и точка.

Покрај овие три екипи тука е Работнички со 28 бода и Струга ТЛ со 26. Се чини дека шампионот направи “кикс“ во Струмица. Тој меч мораше да го добие а не да одигра 1:1. Виновник за тоа што Струга ТЛ не победи е домашниот голман Диковски кој во три наврати им одбрани зицери на Кехинде и компанија. Овие два бода четата на стратегот Ќатип Османи и тоа како ќе ја чинат.

Се чини дека сега теоретски се шансите Струга ТЛ да биде есенски првак, -4 бода на три кола до крајот тешко се надоместува. А за битката за титулата Струга ТЛ има уште 18 кола да надоместува, а секако дека тоа е поважно отколку да се биде провизорен првак по есенската полусезона.

Вардар дојде до бод во Охрид, кај традиоинално незгодниот ривал Воска. Интересно, ова беше нивни 10 меѓусебен меч и прв без голови и прв без победник. Два меча и 4 бода, па и не е лошо за Гоце Седлоски и неговиот тим ако се знае како беше досега.

Тивеш е чудо. Се разбира во негативна смисла на зборот. Повторно без постигнат гол, повторно со пораз. Гостивар успеа преку Машике во 85.минута да ги “расплаче“ кавадарчани.

Верувале или не. Тиквеш има 4 голови на 15 меча или во просек по еден гол на секој четврти меч, речиси!

Зарем е можно!

Во Битола се одигра уште една средба во вечерен термин. Пелистер сега не успеа да се извлече како со Вардар. Реално заслужена победа на Шкендија која требаше да биде изразена со поголема разлика.

И толку за спектаклот под “Тумбе Кафе“.

ПретходноДе Брујне: Доколку нема преговори, ќе го напуштам Сити
СледноСимеоне по 700 меча на клупата: Да, ќе останам во Атлетико“