Нено е прв стрелец и најкорисен играч во квалификациите!

51

Новата блескава игра за нашиот национален тим, само потврди дека Ненад Димитријевиќ е една од најголемите ѕвезди во квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи наредната година во четири земји (Полска, Финска, Кипар и Летонија).

Оние 43. поени кои ги уфрли на средбата со Литванија во Клаипеда, само го зацврстија неговиот поентерски статус, односно лидерската позиција.

Нашиот најдобар кошаркар само ја зголеми предноста во однос на конкуренцијата. Засега има точно 100 реализирани поени, односно има просек од неверојатни 33.поени по натпревар ( одигра три од можни четири).

Во грб му гледаат играчи како Клемен Препелич (Словенија), кој е на 24.7 поени, Марио Хезоња (Хрватска) со просек од 24 поени, и Торнике Шенгелија од Грузија кој е на 23.8 поени.

Ненад Димитријевиќ е и прв на листата на најкорисни играчи во досегашниот дел од квалификациите односно по четири одиграни кола.

Има просечни 30.7 индексни поени, а интересно, веднаш зад неговиот е ефектот на уште еден македонски репрезентативец, Етан Хап, кој на двата одиграни мечеви (ги прескокна последните два со Литванија поради повреда), има нешто пониски 30.5 со кои се далеку зад конкуренцијата.

Ја чинат Камар Болдвин, новиот натурализиран Американец во селекцијата на Грузија, со 25.5, Оскар Да Силва (Германија) и Лука Божиќ (Хрватска) кои се на ист број – индекс 25.

ПретходноПешиќ: „Сакам 12 воини на теренот, а не 12 уметници“!
СледноШок на Островот: Играчите на Лестер го славеа отказот на својот тренер! (ВИДЕО)