Перез: Да ја нема Албанија, Винисиус ќе ја добиеше “Златната топка“!

761

Се чини дека Дон Флорентино Перез сеуште не може да го преболи фактот дека Винисиус, напаѓачот на Реал Мадрид не ја доби “Златната Топка“. Познато е дека тоа признание го доби Родри од Манчестер Сити, но сега Дон Флорентино е гневен. Тој тоа не го криеше и во своето експозе на Генералното Собрание на Реал Мадрид кое се одржа изминатиот викенд, а првиот човек покрај другото говореше и на оваа тема:

Да ги нема Албанија, Намибија, Уганда и Финска, секако дека Винисиус ќе ја добиеше „Златната топка“. Гласаат лица кои не знаат за него. Тие земји не му доделија ниту еден глас на Вини. Ни еден глас! После тоа жирито во Финска барем поднесе оставка, тоа го ценам“ рече покрај другото Дон Флорентино и упати безброј критики на сметка на тоа како се гласа и кој се тоа гласа.

ПретходноШок на Островот: Играчите на Лестер го славеа отказот на својот тренер! (ВИДЕО)
СледноБрера се “ослободи“ од Швајц Ристовски и Миловановиќ!