Србија вчера на свој терен, очекувано, успеа да ја совлада Данса и со тоа и дефинитивно да се избори за учество на ЕП 2025. Лесно, убедливо, доминанто, иако селекторот Светислав Пешиќ не можеше да смета на своите најдобри кошаркари, сепак и втората постава на Србија немаше проблем да ја оствари целта – пласман на ЕП.
По натпреварот по мечот со Данска, јасно е дека во преден план беше прашањето дали Никола Јокиќ ќе игра на ЕП 2025, но и дали Пешиќ на првенството ќе ги повика сите ѕвезди:
“Јас знам дека вие повеќе сакате да гледате уметници, но нема вие да ми одредувате списокот, нема јавноста да биде пресудна околу тоа кој ќе игра за репрезентацијата на Србија. Видете, мене на паркетот ми се потребни 12 воини, а не 12 уметници. Јас им кажав на играчите, нема пари за нив кога играат за репрезентација, заработува само селекторот. Но секако дека добиваш со тоа што играш покрај најдобрите и против најдобрите“ интересен коментар на Пешиќ, од кого по среброто на СП и бронзата на ЛОИ сега се бара злато на ЕП.