Две убави работи вчера се случија за сите во Работнички. Првата е дека по неколку кола пауза, тимот од Дебар Маало победи со Беса со 4:1 и се врати на победничките патеки и сега е само на -2 бода од водечките Шкендија, Гостивар и Силекс, а втората е дека се врати Влатко Стојановски.
Напаѓачот, некогашниот репрезентативец, еден од најдобрите фудбалери во Работнички и ПМФЛ, по пауза од седум месеци повторно заигра. Да се потсетиме дека тој потешко се повреди на 14 април на мечот со Вардар, кога на Арената тимот на Работнички славеше со 2:0.
По долгата рехабилитација сега Влатко е целосно фит и се става на располагање на тренерот Горан Станиќ. Секако дека ова е најголемото засилување за Работнички за преостанатиот дел од сезоната.
Тој вчера влезе во игра во 85.минута место Мазари и настапи за првпат по тој 14 април.