Иако Македонија беше поразена во Клаипеда од домашната селекција на Литванија, сепак таа домашна победа на нашиот ривал е во сенка на СУПЕР – НЕНО, на “ЅВЕРСКАТА“ партија на нашиот Ненад Димитријевиќ. Ова негова животен настап што се вели, досега. Ова веројатно е најдобар настап на некој кошаркар за нашата репрезентација. За 29 минути им “опна“ 43 поени на Литванците, да не се повредеше секако дека ќе одеше и над 50, а којзнае можеби и Македонија ќе дојдеше до сензација.
По она синоќа сега цела Европа “бруи“ за Македонецот.
Погледнете го видеото и уживајте во мајсториите на Нено, еве како Нено го полнеше кошот на Литванците…