Македонската женска ракометна репрезентација веќе е во Дебрецин, градот домаќин на нашата група во Европското првенство кое за два дена стартува. Ова натпреварување ќе се одржи во три земји Австрија, Унгарија и Швајцарија.
Нашите ракометарки првиот меч го играат на 28. овој месец, а за противник ја имаат селекцијата на Шведска (20:30 часот). Во рамките на групата А, Македонија ќе се сретне со Турција два дена подоцна, а додека последен противник е репрезентацијата на Унгарија, меч кој се игра на 2. декември.
Според системот на натпреварување, првите две земји од секоја група одат во главната рунда, останатите ги пакуваат куферите.
Македонија на ЕП 2024 година влегува со серија на порази во контролните мечеви, останува да се надеваме дека од сите тие дуели, Кристијан Грчевски ќе успее да го извлече најдоброто за да „црвено-жолтите“ бидат достоен противник.