Полувреме во ЛШ: Некогашниот вардарец го “тресеше“ Милан, “јорганџиите“ со водство во Прага! (ВИДЕО)

229

Завршија првите полувремиња од првите вечерашни меча од 5.коло во Лигата на Шампоните. Во Братислава, домашниот Слован и Милан играат 1:1, секако изненадувачки, да не кажеме сензационален резултат, но за да биде така се погрижи екс – вардарецот Тигран Барсегјан кој во 24.минута истрча повеќе од пола терен и ја затресе мрежата на гостите за 1:1. Три минути претходно Пулишиќ погоди за 0:1 за тимот на Милано.

Атлетико Мадрид во Прага против Спарта по првите 45.минута има убаво водство од 0:2 и тоа со головите на Алварез и Љоренте.

ПретходноИнтензивни подготовки на македонскиот национален тим во Италија!
СледноКонечно: Димитриевски на голот на Валенсија! (ФОТО)