Серхио Рамос кариерата ја продолжува во Премиер-лига!

228

Серхио Рамос половина година е без клуб. Откако летово му истече договорот со Севиља, Шпанецот сега, по разните гласини кои го преселија во Саудиска Арабија, МЛС и извесно време во Реал Мадрид, конечно е на пат да најде нов клуб.

Според пишувањата на англиските и некои шпански медиуми, Рамос наскоро би можел да се пресели во Њукасл, кој наводно му нуди плата од 10 милиони евра за година и пол договор. Со ова Њукасл ќе се обиде да ја засили одбраната која очигледно не е на потребното ниво оваа сезона.

Њукасл моментално е десеттиот тим во англискиот шампионат, а познато е дека сезонава сака да избори пласман во Европа. Преговорите меѓу клубот и Рамос се во тек, а неговиот потпис наводно е само формалност.

Рамос е легенда на Реал Мадрид и на шпанската репрезентација. Освои се што можеше да се освои во неговата клупска и репрезентативна кариера. За Реал одигра 671 натпревар. Постигна 101 гол и забележа 40 асистенции. За родната Севиља постигна десет гола на 87 натпревари, а за ПСЖ шест гола на 58 натпревари. За шпанската репрезентација постигна 23 гола на 180 настапи, а со години беше капитен на Реал.

ПретходноДва дена до стартот на ЕП 2024: Ракометарките пристигнаа во Дебрецин!
СледноЃорческа „тргна“ со победа на фјучрсот во Италија