Судии за ПМФЛ: Пројковска ќе му суди на шампионот, Пилешков “главен“ на Арената а Качевски под Шара!

488

Утре од 13 часот се играат сите шест средби од 16.коло во ПМФЛ. Познати се и судиите кои ќе ка делат правдата на овие натпревари.

Ивана Пројковска ќе го суди мечот во Струга каде се среќаваат Струга ТЛ и Пелистер. На Арената домашниот Вардар го пречекува Гостивар на овој меч главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип. Дербито е под Шара каде се среќаваат големите ривали Шкендија и Шкупи, а на овој меч правдата ќе ја дели Јован Качевски од Струга.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 16.КОЛО – СРЕДА (13 Ч)

Тиквеш – Работнички (Александар Грујоски – Кичево)

Беса – Брера (Игор Стојчевски – Скопје)

Струга ТЛ – Пелистер (Ивана Пројковска – Скопје)

Шкендија – Шкупи (Јован Качевски – Струга)

Силекс – Воска (Влатко Илиоски – Прилеп)

Вардар – Гостивар (Димитар Пилешков – Штип)

ПретходноБелингем ја доби наградата за играч на сезоната во Ла Лига (ВИДЕО)
Следно„САН“: Роналдо ќе мора на суд, му должи пари на пластичен хирург