Челниците на ОФМ и легендите на македонската одбојка гости на 100-годишнината од ОСС

49

Претседателот на Одбојкарската Федерација на Македонија, Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски синоќа присуствуваа на свечената церемонија по повод 100-годишнината од Одбојкарскиот Сојуз на Србија во „Сава Центар“ во Белград.

Челниците на ОФМ беа дел од многубројните делегации од кремот на светската и европската одбојка, како и голем број на српски одбојкарски ѕвезди, но и поранешни југословенски легенди. Дел од свечената церемонија беше и членот на Извршниот одбор на ОФМ, Зоран Карановиќ, додека меѓу легендите продефилираа и македонските одбојкарски величини – Александар Тасевски, Владимир Богоевски и Горан Србиновски.

ПретходноФудбалерките ќе имаат два теста со Црна Гора
СледноДва дена до стартот на ЕП 2024: Ракометарките пристигнаа во Дебрецин!