Утре во Струга од 13 часот, во меч од 16.коло во ПМФЛ, шампионот, тимот на Струга ТЛ го дочекува составот на Пелистер. По ремито во Струмица кај Брера, сега Струга ТЛ е на – 4 бода во однос на водечките, па затоа оваа средба е екстра значајна за шампионот, овој меч мора да се добие.
Свој коментар за дуелот со Пелистер има Ард Касами, еден од клучните играчи во последно време во тимот на стратегот Ќатип Османи:
„Несомнено ќе влеземе во натпреварот утре за да освоиме три бода. Атмосферата во тимот е многу добра и верувам дека тоа ќе се одрази многу позитивно на пристапот на тимот на зелениот терен утре против Пелистер. Знаејќи ја важноста на натпреварот и бодовите што ни се потребни, верувам дека подготовките што имавме време да ги направиме во текот на овие два дена, ќе бидат доволни за да излеземе со кренати глави на крајот од средбата“ посочи Касами.