Белингем ја доби наградата за играч на сезоната во Ла Лига (ВИДЕО)

106

Џуд Белингем синоќа беше прогласен за најдобар фудбалер во Ла Лига за минатата сезона, во изборот кој го направија фудбалерите.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид ја доби наградата за најдобар играч за минатата сезона од Здружението на шпанските фудбалери (АФЕ).

Минатата сезона во шпанско првенство англискиот фудбалер одигра 28 натпревари на кои постигна 19 голови и 6 асистенции. Тоа беше негова дебитантска сезона во Ла Лига.

ПретходноДенвер нанижа четири порази во серија, Далас победи и без Дончиќ
СледноСудии за ПМФЛ: Пројковска ќе му суди на шампионот, Пилешков “главен“ на Арената а Качевски под Шара!