“Бомба“ во најава. Пауло Дибала, ѕвездата на Рома и еден од најдобрите фудбалери на Аргентина, веројатно ќе се врати во својата земја и ќе потпише за Бока Јуниорс.
Ова го открива неговата сопруга Оријана Дибала. Инаку ова доаѓа по најавите дека Леандро Паредес, исто така Аргентинец во дресот на Рома, дека ќе се пресели во Бока, а познато е дека Паредес и Дибала се големи пријатели:
“Ако Паредес сака Дибала да оди со него во Бока, тој ќе оди со него“открива Оријана.
Инаку познато е дека минатото лето Дибала имаше фантастична понуда од С. Арабија, но тој истата ја одби.