Со израмнет рекорд според бројот на реализирани поени на еден натпревар од промена на форматот во квалификациите за ЕП, Ненад Димитријевиќ е МВП на четвртиот квалификациски круг.
Нашиот најдобар кошаркар успеа да го израмни рекордот на евро-квалификациите, откако е воведен овој нов формат. На средбата со Литванија во Клаипеда, реализираше 43 поени, ефект што е во ранг на оној кој пред неколку дена го направи репрезентативецот на Германија, Давид Крамер.
За жал, неговиот перформанс не беше доволен за Македонија да ја изненади Литванија на гостински терен, иако Димитријевиќ постигна седум тројки, имаше и шест асистенции, четири скока, и три освоени топки, сето тоа доволно и за највисок индекс, 40.
Со тоа Нено е најкорисен играч во вториот круг од ФИБА „прозорецот“ во ноември.