Легендата на Ливерпул за Салах: Ме разочара!

103

Договорот на Мохамед Салах со Ливерпул истекува на крајот од актуелната сезона, а изјавата што ја даде пред два дена укажува дека се ближи заминувањето на Египќанецот од „Енфилд“.

„Веќе е декември и не добив понуда. Во овој момент сум поблиску до заминување отколку да останам“, изјави тогаш Салах.

Со таа изјава тој ја налути легендата на Ливерпул Џејми Карагер.

„Секако дека имаше разговори. Во овој момент е јасно дека има разлики во тоа што мисли клубот и што размислуваат Салах и неговиот агент за времетраењето на новиот договор. Значи, причината зошто Ливерпул не излезе со понуда досега е дека Салах, бидејќи би ја одбил понудата“, рече Карагер и додаде:

“Но, морам да кажам дека сум многу разочаран од Салах. Тоа интервју…Ливерпул има натпревари со Реал и Манчестер Сити. Тоа е приказната за Ливерпул во моментов”, истакна Карагер.

Бомбастичната вест дека Салах би можел да се пресели во Барселона веќе се појави утрово, а повеќе за неа можете да прочитате ТУКА.

ПретходноНови вредни бодови: Дејан Георгиевски освои сребро на Г1 Светскиот Куп во Босна!
СледноТриатлонот ги инспирира девојките и жените на сите нивоа (ВИДЕО)