Завршија првите два меча од вечерашната програма од 5.коло во Лигата на Шамшионите. Атлетико Мадрид и полесно од очекувањата дојде до убедлив триумф среде Прага и тоа кај Спарта со 0:6 Трите бода им беа непходни на момците на Диего Симеоне и тие дојдоа до нив. Алварез во 15. и Љоренте во 43. стрелаа за 0:2 на полувреме.
Во продолжение од средбата повторно Алварез во 59, потоа Гризман во 70. и Кореа во 85. и 89.минута беа стрелците на оваа средба.
Слован – Милан 2:3. Во Братислава домашната екипа на Слован, која ја елиминираше нашата Струга ТЛ во 1.квалификациско коло во ЛШ, имаше 1:1 по првото полувреме и тоа со прекрасниот гол на некогашниот вардарец Тигран Барсегјан во 24.минута, претходно Пулишиќ стрелаше за водство на Милан.
Во второто полувреме Милан одигра подобро и со головите на Рафа Леао и Абрахам веќе во 71.минута имаше 1:3. Сепак ова не беше крај барем што се однесува до головите зошто Мацели во 88.минута прекрасен гол за 2:3.