Во пресрет на утрешниот меч од 5.коло во Лигата на Шампионите и тоа кај Штурм, денеска на прес од Џирона покрај тренерот Мичел беше и македонскиот “бомбардер“ Бојан Миовски. Секако дека тоа нешто кажува. Тоа нешто значи дека сега Мичел и тоа како од Македонецот очекува уште голови по онаа блескаво саботно издание кога Миовски против Еспањол беше двоен стрелец, а имаше и асистенција:
“Секогаш е тешко да се прилагодиш кога си во нова средина. Работам напорно, одам чекор по чекор. Се надевам и очекувам дека ќе има уште голови. Тешко е да се игра во Ла Лига, тешко е да се игра во ЛШ, но јас сум фокусиран на поврзување со моите соиграчи со цел да му се помогне на тимот да дојде до што подобар резултат“ рече покрај другото Супер – Бојан.
Мечот Штурм – Џирона започнува утре во 18.45 часот а се очекува Македонецот да биде стартер.