Полувреме во ЛШ: Левандовски испиша историја, Баерн со водство против ПСЖ, Халанд стрела за Сити! (ВИДЕО)

43

Завршија првите полувремиња од седумте вечерашни мечеви од 5.коло во ЛШ. Дербито се игра во Минхен, но сепак треба прво да се одбележи јубилејниот 100 гол на Роберт Левандовски во ЛШ. По Роналдо (140) и Меси (129), напаѓачот на Барса е третиот фудбалер кој во историјата има 100 голови во ЛШ, тој даваше и во дресот на Дортмунд и Баерн. Барса води со 1:0, токму со тој гол на Левандовски од пенал во 10.минута против Брест.

Во Минхен домашниот Баерн со 1:0 со голот на Ким води против ПСЖ во дербито на вечерта. Со истиот резултат води Сити против Феенорд, исто и Интер води со 1:0 против Лајпциг. Леверкузен, Арсенал и Аталанта имаат и повеќе од убедливо водство на полувреме.

 

Image

ПретходноДибала потпишува за Бока Јуниорс?!
СледноВардар 1961 со победа над Мелсунген на Парондо се одјави од Европа (ФОТО)