„САН“: Роналдо ќе мора на суд, му должи пари на пластичен хирург

45

Англискиот таблоид „САН“ откри дека познатиот британски хирург Рошан Равиндран одлучил да го тужи Кристијано Роналдо за долг кој наводно изнесува околу 40 илјади фунти. Според информациите, Равиндран, попознат како „Д-р Рос“, тврди дека Португалецот му останал должен за третманите направени во 2021 и 2022 година, по неговото враќање во Манчестер Јунајтед.

Поранешниот кардиолог сега главно се занимава со ботокс и филери, нега на кожата и кревање веѓи. Равиндран не ја спомна партнерката на Роналдо, Георгина Родригез (30), но тврди дека тој работел за Роналдо „и членовите на неговото семејство и придружбата“ во неговата клиника во Чешир.

Правниот процес е во тек.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Пројковска ќе му суди на шампионот, Пилешков “главен“ на Арената а Качевски под Шара!
СледноНовиот Формула 1 тим ќе се натпреварува под името Кадилак Ф1