Саутгејт објасни што го спречува да започне со работа

41

Поранешниот англиски селектор Герет Саутгејт се уште внимателно размислува за својата иднина и не брза да му се врати на фудбалот. Тој ја напушти функцијата по завршувањето на Европското првенство во Германија, каде тимот предводен од него вторпат по ред остана на второто место. Саутгејт рече ќе биде тешко да најде слична мотивација.

„Следењето на нашите цели ме мотивираше, ме одржуваше на вистинскиот пат и ми го направи животот исполнет. Ќе биде исклучително тешко да се најде сличен предизвик и токму затоа не ги ограничувам моите опции за работа како фудбалски тренер“, напиша тој на социјалните мрежи.

Саутгејт долго време беше поврзуван со функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед поради неговите врски со членовите на управата, но „црвените ѓаволи“ се одлучија за Рубен Аморим. Поранешниот селектор остана скриен од очите на јавноста и кога беше назначена неговата замена во репрезентацијата Томас Тухел.

„Осум години бев на една од најодговорните позиции во светот на фудбалот. Сега размислувам за се што се случи во овој период и внимателно размислувам за мојот следен чекор. Во моментов се чувствувам удобно“, додаде Саутгејт, цитиран од Агенцијата АП.

ПретходноДобра вест за навивачите на Ливерпул пред мечот со Реал
СледноАрена Спорт ќе ги пренесува мечевите на македонските ракометарки на ЕП 2024