Триатлонот ги инспирира девојките и жените на сите нивоа (ВИДЕО)

16
Македонската триатлон федерација го сподели инспиративно видео, кое ја истакнува важноста и улогата на жените во триатлонот – од спортистки и судијки до тренерки и раководни фигури.
Ова видео ја слави нивната сила, истрајност, посветеност и лидерство, со цел да ги мотивира поголем број на девојки и жени да станат дел од триатлонската заедница.
Триатлонот е уникатен предизвик кој бара физичка издржливост и ментална сила, но истовремено нуди и извонредна можност за личен раст и постигнување.
„Триатлонот е повеќе од спорт – тој е простор за развој, лидерство и инспирација. Со ова видео, сакаме да ги охрабриме девојките и жените да ја препознаат својата моќ и да станат активен дел од нашата заедница.” – велат од Македонската триатлон федерација.
Федерацијата, исто така, истакнува дека жените и девојките се значително помалку застапени од мажите, што е дополнителна причина да им се даде заслужениот медиумски простор и да се поддржи нивната видливост и учество.
Видеото е реализирано со поддршка од Министерството за спорт.
https://www.youtube.com/watch?v=U-Q4-UcB6mk
ПретходноЛегендата на Ливерпул за Салах: Ме разочара!
СледноМакедонија има плус причина да се надева дека навистина може да се пласира на ЕП после 10 години!