Македонскиот репрезентативец, Филип Талески и Бенфика со пораз ја завршија групната фаза во Европската лига. Португалскиот тим на гостувањето кја Лимож беа поразени со 36-29 во меч кој немаше резултатско значење за Бенфика бидејќи претходно го осигура првото место и секако пласманот во следната рунда.
И на оваа средба Талески беше еден од најдобрите во редовите на својот тим. Зад своето име запиша четири гола од пет обиди.
Покрај Бенфика која групната фаза ја заврши со 10 бода, место во следната рунда обезбеди токму Лимож, кој има два бода помалку.