Раководството на тетовска Шкендија соопшти дека го прифатиле барањето на Шкупи за присуство на нивните навивачи на натпреварот од 16. коло од Првата лига, кој ќе се одигра во среда, на 27 ноември, во 13:00 часот, на Градски стадион во Тетово.
„Шкендија повикува на празнична и достоинствена атмосфера, избегнувајќи секаква непотребна провокација на етничка, расна и верска основа. Фудбалот е прослава што не обединува, а овој натпревар е совршена можност да ја покажеме нашата почит“, се вели меѓудругото во информацијата лиферувана од тетовскиот тим.