Барселона е сериозно заинтересирана за напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓoкерес. Каталонскиот весник „Спорт“, тврди дека раководството на Каталонците е подготвено да ги плати потребните 70 милиони евра за трансферот на напаѓачот следното лето, а потоа да го испрати на позајмица во Спортинг додека не му истече договорот на Левандовски.
Така, по враќањето во Барселона, Ѓокерес нема да мора да се натпреварува со Полјакот за стартно место во тимот.
Оваа сезона Ѓокерес учествуваше на 19 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 24 гола и четири асистенции.