Вардар 1961 со победа над Мелсунген на Парондо се одјави од Европа (ФОТО)

125

Вардар 1961 запиша победа во последниот меч од групната фаза во Европската лига, откако на домашен терен го совлада Мелсунген, предводен од Роберто Гарсија Парондо со 32-30. „Црвено-црните“ групната фаза на европската сцена ја завршуваат со скор од две победи, реми и три порази. Македонскиот тим одигра многу подобар меч од првата пресметка против бундес-лигашот на гостински терен и токму затоа бодовите останаа во Скопје.

Ларс Коиј со осум гола од 12 обиди беше прв стрелец, зад него беше Младен Крсманчиќ со шест погодоци. На ниво на задачата беше Еспиња кој запиша 15 одбрани.

„Црвено-црните“ во голем дел од првото полувреме го имаа водството кое на момент изнесуваше и плсу три (10-7, 13-10, 14-11 и 15-12). При последната негатива од три гола гостите со серија од 4-0 успеаја да поведат со 15-16. На одморот резултатот беше 17-17.

Неизвесноста од крајот на првиот дел продолжи и во следните 30. минути. И двата тима не играа под притисок иако желбата на двете страни беше иста – победа. Во 42. минута македонскиот тим при 25-23 на двапати не искористи шанса да ја врати највисоката предност до овој дел од мечот, на другата страна противникот успеа да се доближи на само еден гол, а нешто подоцна по новите грешки на „црвено-црните“ изедначи на 27-27.

Вардар 1961 на овој меч беше рамноправен противник благодарение на Фереира, кој беше одличен на голот, и поцврстата одбрана имаше плус три (30-27) на седум минути до крајот. Стојановски заработи две минути, Мелсунген успеа да искористи само да намали на 30-28, но тука и застана.

На другата страна македонскиот тим имаше одговор за 32-29. Иако гостите притискаа, сепак на голема среќа не остана време за целосен пресврт по двете грешки на Вардар, на крајот победата останува запишана од 32-30.

ПретходноПолувреме во ЛШ: Левандовски испиша историја, Баерн со водство против ПСЖ, Халанд стрела за Сити! (ВИДЕО)
СледноАрд Касами: Струга ТЛ оди на победа и три бода против Пелистер!