Интензивни подготовки на македонскиот национален тим во Италија!

29

Нашите нордијци Ана Цветановска, Ставре Јада и Дарко Дамјановски во моментов се наоѓаат во италијанскиот ски-центар Ливињо, каде во тек се висински подготовки за претстојните натпревари во Санта Катарина ди Валфурва.

Тие викендов ќе заземат учество на спринт трките 1.500 метри и 10.000 метри слободен стил. Секако дека ова ќе биде уште една можност за нашите нордијци да покажат дека се во добра форма и да постигнат што подобри резултати.

ПретходноМеси можеби ќе остане без рекордот за кој се мислеше дека е несоборлив! (ФОТО)
СледноПолувреме во ЛШ: Некогашниот вардарец го “тресеше“ Милан, “јорганџиите“ со водство во Прага! (ВИДЕО)