Конечно. Столе Димитриевски вечерва е на голот на Валенсија и тоа на гостувањето во Копа дел Реј кај ЦП Парла во рамките на 1/64 коло на ова натпреварување. Првото полувреме го доби Валенсија со 0:1. Еве конечно шанса за Македонецот и до минатата сезона еден од најдобрите голмани во Ла Лига да покаже дека неговото место не е на клупата на Валенсија. Познато е дека Столе за репрезентацијата врза 531 минути без примен гол, доказ дека иако во Валенција не добива шанса, сепак е во фантастична форма.