ЛШ: Баерн знае како против ПСЖ, Сити пак не победи а водеше со 3:0, Барса рутински, Леверкузен, Арсенал и Аталанта “кинеа“ мрежи…

50

Вечерва на програмата беа девет средби од 5.коло во ЛШ. Во дербито во Минхен реприза од финалето во Лисабон во 2020. И тогаш баварците победија со 1:0, и вечерва победија со истиот резултат против ПСЖ. Вечерва стрелец беше Ким. Германците имаа шанси за поубедлива победа, но на крајот ПСЖ можеше да дојде до бод.

Каков шок за Сити и Пеп. Водеа “граѓаните“ со 3:0 против Феенорд на свој терен до таа 75.минута и следуваа три гола за Холанѓаните за конечни 3:3. Ова е шести меч без победа во серија за Пеп и неговиот Сити. Бадијала двата гола на Халанд кој на 44 меча во ЛШ сега има 46 голови.

Барселона рутински до победа над Брест со 3:0, два гола на Левандовски за вкупно 101 гол во кариерата, па така по Роналдо и Меси, тој е третиот фудбалер кој има повеќе од 100 голови.

Интер го “реши“ Лајпциг со 1:0 и тоа со автоголот на Лукеба.

Арсенал, Леверкузен и Аталанта “кинеа“ мрежи против Спортинг (5:1), Салцбург (5:0) и Јанг Бојс (6:1).

РЕЗУЛТАТИ ОД 5.КОЛО

Барселона – Брест 3:0

(Левандовски (п) 10., Левандовски 90+2., Олмо 66./)

Леверкузен – Салцбург 5:0

(Вирц (п) 8., 30., Грималдо 11.,, Шик 61., Гарсиа 72./)

Баерн Минхен – ПСЖ 1:0

(Ким 39./)

Интер – Лајпциг 1:0

(Лукабе (авт) 27./)

Манчестер Сити – Феенорд 3:3

(Халанд (п) 44.,, 53., Гундоган 50.,/Хаџ Муса 75.. Хименез 82., Ханчко 89.)

Спортинг – Арсенал 1:5

(Инацио 47.,/Мартинели 7., Хаверц 22., Габриел 45+1., Сака 64., Тросар 82.)

Јанг Бојс – Аталанта 1:6

(Ганвоула 11.,/Ретегуи 9., 39., Де Кетеларе 29.,, 56., Колашинац 32., Самарџиќ 90+1.)

Слован – Милан 2:3

Спарта Прага – Атлетико Мадрид 0:6

ПретходноЧетири гола на Талески во првиот пораз на Бенфика во Европската лига
СледноФото на денот: Очајниот Пеп Гвардиола!