Македонија има плус причина да се надева дека навистина може да се пласира на ЕП после 10 години!

461

Македонската кошаркарска репрезентација и покрај двата порази во ноемврискиот прозорец во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година се уште има шанси да се врати на големата сцена.

За остварување на европскиот сон на оваа генерација ќе биде потребно да се победи Естонија на гостински терен со повеќе од шест поени, а потоа и Полска дома, но и да се надева на пораз на Естонците на гостувањето кај Литванија.

Иако оваа сценарио е сложено, сепак уште поголема голема надеж влеваат најновите информации кои доаѓаат после одигрување на мечевите од третото и четвртото коло. ФИБА и Евролига веќе постигнале договор за февруарскиот последен квалификациски прозорец, а тој вели дека играчи на Ненад Димитријевиќ, кој е важен за нашата репрезентација ќе може без проблем да настапи за „црвено-жолтиот“ дрес.

Македонија покрај Нено ќе го има и Ти-Џеј Шортс на располагање, кој оваа сезона е во центарот на вниманието во Евролига, а да се надеваме дека и Итан Хап ќе биде во најдобра форма и ќе може да помогне под обрачите, па селекторот Александар Јончевски ќе може да комбинира.

На сето ова ќе биде вистински џек-пот доколку и Андреј Јакимовски доби дозвола да биде во составот за двата најважни мечеви за Македонија во обидот после 10 години да се пласира на едно Европско првенство.

ПретходноТриатлонот ги инспирира девојките и жените на сите нивоа (ВИДЕО)
СледноДобра вест за навивачите на Ливерпул пред мечот со Реал