Утре од 13 часот се играат сите шест средби од 16.коло во ПМФЛ. Познати се и судиите кои ќе ка делат правдата на овие натпревари.
Ивана Пројковска ќе го суди мечот во Струга каде се среќаваат Струга ТЛ и Пелистер. На Арената домашниот Вардар го пречекува Гостивар на овој меч главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип. Дербито е под Шара каде се среќаваат големите ривали Шкендија и Шкупи, а на овој меч правдата ќе ја дели Јован Качевски од Струга.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 16.КОЛО – СРЕДА (13 Ч)
Тиквеш – Работнички (Александар Грујоски – Кичево)
Беса – Брера (Игор Стојчевски – Скопје)
Струга ТЛ – Пелистер (Ивана Пројковска – Скопје)
Шкендија – Шкупи (Јован Качевски – Струга)
Силекс – Воска (Влатко Илиоски – Прилеп)
Вардар – Гостивар (Димитар Пилешков – Штип)