„Шверцери“ ќе одат во Тетово, Шкендија прифати гостински фанови на трибините

240

Раководството на тетовска Шкендија соопшти дека го прифатиле барањето на Шкупи за присуство на нивните навивачи на натпреварот од 16. коло од Првата лига, кој ќе се одигра во среда, на 27 ноември, во 13:00 часот, на Градски стадион во Тетово.

„Шкендија повикува на празнична и достоинствена атмосфера, избегнувајќи секаква непотребна провокација на етничка, расна и верска основа. Фудбалот е прослава што не обединува, а овој натпревар е совршена можност да ја покажеме нашата почит“, се вели меѓудругото во информацијата лиферувана од тетовскиот тим.

ПретходноМелсунген е нов голем предизвик за „црвено-црните“
СледноФудбалерките ќе имаат два теста со Црна Гора