Гвардиола: Не знам дали нашиот проблем е психолошки!

47

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, тешко ремизираше 3-3 со Феенорд во Лигата на шампионите. Неговиот тим водеше комотно со 3-0, но колабираше на крајот и не успеа да го забележи првиот успех во шест натпревари. Тренерот не можеше да објасни што се случило и претпостави дека се работи за психолошки проблем кај неговите играчи.

„Се беше во ред до 3-0. Потоа примивме многу голови бидејќи не бевме стабилни. Им го подаривме првиот, па вториот, па стана тешко. Во последно време загубивме многу натпревари. Премногу сме кревки, па ни требаше победа за да ја вратиме самодовербата, работевме добро, но на првиот проблем сè пропадна.

Не знам дали проблемот е психолошки. Првиот гол е неприфатлив да се прими, вториот исто така. Потоа заборавивме се и нападнавме да ја бараме победата. Играме добро, но не победуваме. Ситуацијата е таква каква што е. Во моментов не сакам да размислуваш што ни треба, размислувам само за борбата што претстои. Ако не можеме да победиме на вакви натпревари, ќе имаме проблеми“, додаде Шпанецот.

ПретходноПМФЛ: Супер – дерби под Шара, Силекс сака нов триумф, шампионот против Пелистер, Тиквеш го пречекува Работнички
СледноМанасков се враќа во Веспрем: Специјален меч за мене, ќе биде многу тешко!