“Лага е дека намерно сум му дал жолт картон на Алиоски!“

395

Судијата Дејвид Кут е топ – тема во последно време во судиските кругови на Островот. Тој прво беше под суспензија поради тоа што говорел против Јирген Клоп и Ливерпул, а најново е тоа што се поосочуа дека во 2019 година бил вмешан во еден невиден скандал.

Имено се потенцира дека Кут на мечот Лидс и ВБА во Чемпионшип, намерно му дал жолт картон на нашиот Џани Алиоски, и тоа поради материјална корист откако од него тоа било побарано во обложувачкиот скандал во таа 2019 година.

По овие наводи, Кут енергично демантираше:

Лага е дека намерно сум му дал жолт картон на Алиоски, во целост ги отфрлам тие клевети. Отсекогаш сум го почитувал интергритетот на играта, судејќи најдобро што можам“ ова е дел од демантите на Кут.

ПретходноДа се знае кој е кој: Пандев доби дрес од фанови од Црна Гора! (ФОТО)
Следно„Бомба“: Маурицио Сари – селектор на Србија?!