На 942 меча: Пеп за првпат во кариерата испуштил предност од три гола!

137

Вчера на средбата Манчестер Сити – Феенорд се случи нешто поврзано со менаџерот на “граѓаните“, Пеп Гвардиола, за првпат. А тоа е дека за првпат во неговата тренерска кариера, на 942 меча, испуштил три гола предност. За првпат екипа која ја предводел Пеп имала предност од три разлика и на крајот не победила.

Се разбира дека ова е црн рекорд за еден од најдобрите тренери во историјата, се разбира дека кога тогаш Сити ќе почне да победува, дека ќе се врати на победничките патеки, но сега тимот на Пеп влезе во невидена црна серија од шест меча во низа без ниту една победа. Пет порази и само едно реми, она вчера со Феенорд.

Иако има уште десетина топ настани во светот на фудбалот, ама и покрај се главна вест е Пеп Гвардиола и неговите неуспеси во последно време. Од минута во минута излегуваат информации за црните рекорди на каталонскиот стратег.

ПретходноЛиверпул со порака до Перез: “Го сакате? Нема проблем, ќе ви го продадеме во јануари!“
СледноПМФЛ: Шкендија го реши Шкупи ама Силекс е нов лидер, Гостивар славеше на Арената, Струга ТЛ, Работнички и Брера победнички!