Денеска од 13 часот се играат сите шест натпревари од 16.коло во нашата елитна фудбалска лига. Вардар го дочекува Гостивар, но јасно е дека дербито се игра под Шара каде лидерот Шкендија го пречекува Шкупи. Интересно, под Шара ќе има две навивачки групи, “Балистите“ и “Шверцерите“ ќе си навиваат за своите екипи, она што досега беше несфатливо во мак – фудбалот.
Шкендија е фаворит, и според формата, квалитетот а и поради фактот дека игра дома. Чаирчани оваа есен разочараа. Дали ќе имааат сила толму против вечниот ривал да ги свртат работите?
Забревтаниот Силекс игра дома со Воска и се освен триумф на момците на Александар Васоски ќе биде голема сензација. Кратовци имаат шанса да си “набилдаат“ гол – разлика и со тоа по ова коло да бидат сами лидери на табелата.
Струга ТЛ по ремито со Брера во неделата денеска мора, ама баш мора да победи. На гости на шампионот му доаѓа Пелистер, тим кој не е баш така лесно да се победи. Сепак се знае кој е шампион.
Тиквеш се среќава со Работнички на свој терен. На кавадарчани очајно им се потребни трите бода, но Работнички секако дека не е тим против кого можеш да се “вадиш“. Ќе биде тешко за Тиквеш.
И во Гостивар, составот на Беса игра против Брера. Е тука ништо не се знае, сите три знаци, во обложувачки жаргон, се во игра.
ДВОЈКИ ЗА 16.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
Кавадарци: Тиквеш – Работнички
Гостивар: Беса – Брера
Струга: Струга ТЛ – Пелистер
Тетово: Шкендија – Шкупи
Кратово: Силекс – Воска
Скопје: Вардар – Гостивар
ТАБЕЛА
Шкендија 30, Гостивар 30, Силекс 30, Работнички 28, Струга ТЛ 26, Шкупи 16, Пелистер 16, Брера 16, Беса 13, Воска 12, Вардар 12, Тиквеш 10…