Полувреме: Добар Вардар, 0:0 е на Арената, Струга ТЛ, Шкендија и Силекс со водство, шоу на Мазари во Кавадарци

295

Завршија првите полувремиња на шесте средби од 16.коло во ПМФЛ кои се играат попладнево. Супер интересен меч на Арената, па и квалитетен. Сепак нема голови на дуелот меѓу Вардар и Гостивар, на пауза се замина со тие почетни 0:0. Вардар добар против силниот Гостивар, имаше и шанси преку Омерагиќ и Донгмо, но и гостите можеа да поведат.

Шкендија со раниот гол на Шаља води со 1:0 на дербито под Шара против Шкупи. Со истиот резултат водат и Струга ТЛ и Силекс против Пелистер и Воска, стрелци беа Кехинде и Додев.

Шоу на Мазари во Кавадарци. Два гола на напаѓачот на Работнички за водство од 0:2 кај Тиквеш.

И во Гостивар, каде играат Беса и Брера резултатот е 0:0.

ПретходноУште еден успех за Иванова, првиот врховен судија во пинг-понг од Македонија
СледноЛиверпул со порака до Перез: “Го сакате? Нема проблем, ќе ви го продадеме во јануари!“