Ангелина Иванова е во Хелсингборг, Шведска на Светско младинско првенство во пинг понг во улога на заменик врховен судија. Таа е првиот врховен судија од Македонија и позади себе има многу мѓународни, европски и светски првенства кои зборуваат за нејзината успешност.
Иванова е предводник на органзиацијата на меѓународните натпревари кои се организираат во државата, како што се 3 пати по ред меѓународни младински натпревари, од серијата World Table Tennis (WTT), Европското првенство за играчи до 21 година кое се одржа во јануари 2024 во Скопје. Исто така, Ангелина Иванова ќе ја предводи организацијата на првиот WTT светски натпревар за сениори закажан за јуни 2025-та година во Скопје.
Покрај во играчки и тренерски кадар, Пинг понгарската федерација на Македонија вложува и во судиски кадар. Федерацијата постојано обучува и сертифицира национални судии, а дел од нив веќе стануваат и меѓународни.