Дензел Дамфрис уште долго ќе биде дел од тимот на Интер. Холандскиот дефанзивец и официјално го продолжи договорот со клубот до 2028 година. Пристигна во Милано во 2021 година, а досега забележа 147 настапи.
Тој е незаменлив дел од тимот на Интер, кој годиниве игра сериозна улога како во Серија А, така и на интернационална сцена.
Дамфрис, кој беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед под водство на Ерик тен Хег, има 15 настапи од почетокот на сезоната. Интер заостанува бод зад лидерот Наполи во италијанското првенство, а покрај тоа тимот има четири победи на пет натпревари во Лигата на шампионите.
Denzel 🤝 Inter#ForzaInter #Dumfries2028
— Inter ⭐⭐ (@Inter) November 27, 2024