Ерлинг Халанд постави рекорд во Лигата на шампионите на натпреварот на неговиот Манчестер Сити против Феенорд. Натпреварот заврши 3:3, а два од головите постигна Норвежанецот. На овој начин стана играчот кој за најкратко време стигна до бројката 50 гола кој ги постигнал или учествувал во нив во ова натпреварување.
По двата гола, Халанд сега има 46 гола и 5 асистенции во Лигата на шампионите или вкупно 51 учество во голови. Тој го направи тоа во рамките на 44 одиграни натпревари. Притоа го престигна остварувањето на Руд ван Нистелрој, кој оваа бројка ја достигна на 45 натпревари. Трет на ова рангирање е Килијан Мбапе, кој на 51 одигран натпревар стигна до бројката од 50 учества во голови.
50 – Erling Haaland has 50 goal involvements in the UEFA Champions League (45 goals, 5 assists), reaching that total in fewer games than anyone else in the competition’s history (44). Monster. pic.twitter.com/7PrDRcOjRB
— OptaJoe (@OptaJoe) November 26, 2024
24-годишниот Халанд дебитираше во Лигата на шампионите во 2019 година со тимот на РБ Салцбург и постигна хет-трик во својот прв меч за успех од 6:2 над Генк. Има 8 гола и 1 асистенција за австрискиот тим, 15 гола и 2 асистенции за Борусија (Дортмунд) и 23 гола и 2 асистенции за Манчестер Сити.
Со 46 гола во 44 натпревари, Норвежанецот моментално е 12-ти во најдобрите стрелци во Лигата на шампионите на сите времиња, се израмни со Филипо Инзаги и само два гола зад Андриј Шевченко и Златан Ибрахимовиќ. Лидер на ова рангирање е Кристијано Роналдо со своите 140 гола, пред Лионел Меси со 129 и Роберт Левандовски, кој синоќа стигна до својот 100. гол.