На каков само фантастичен начин тимот на Црвена Звезда ги освои првите бодови во Лигата на Шампионите сезонава. На преполниот Рајко Митиќ во Белград, Звезда со 5:1 го уништи Штутгарт и на тој начин покажа дека не е само тим кој е случајно влезен во ова натпреварување сезонава.
Иако гостите по само три минути игра дојдоа до водство преку Демировиќ, домашните очигледно беа решени вечерва да не загубат. Силас во 12. минута израмнува, а во 31. минута Круниќ и носи водство на Звезда.
Мирко Иваниќ по еден корнер одлично сочека топка на втората статива и погоди за 3:1, а потоа Немања Радоњиќ го стартуваше своето шоу со два гола за конечни 5:1.
Миовски и Џирона немоќни во Австрија
Од друга страна пак нашиот Бојан Миовски и неговиот тим Џирона не успеаа да се вратат со било што од гостувањето кај Штурм во Грац. Пораз од 1:0 со голот на Биерец во 51. минута од мечот.