Ива Младеновска пред стартот на ЕП: Имаме добра хемија, подготвени сме за секој предизвик!

54

Македонската женска ракометна репрезентација утре го игра првиот натпревар на Европското првенство кое ќе се одржи во три земји: Австрија, Унгарија и Швајцарија. Дебрецин е градот домаќин на групата во која се наоѓаат нашите ракометарки, кои на стартот ќе ги одмерат силите против Шведска, мечот е закажан со почеток во 20:30 часот.

Во центарот на вниманието кога станува збор составот на Македонија е Ива Младеновска. Таа се најде на радарот на ЕХФ како една од неколкуте млади ракометарки на кои треба да се обрне внимание. Пред дуелот со Шведска таа ги искажа своите очекувања.

„Се надевам дека ќе одиграме одличен натпревар на кој ќе покаже дека можеме да играме против секого, а тоа значи и против еден силен противник како што е Шведска, за која знаеме дека е една од најдобрите репрезентации во денешниот ракомет и играат навистина одлично“, рече десниот бек. 

Таа кратко го коментираше назначувањето од страна на ЕХФ како еден од младите играчи кои треба да ги гледаат на ЕХФ ЕУРО 2024 за жени:

„Навистина сум почестен поради тоа и среќен сум што мислат така за мене и се надевам дека можам да докажам дека тоа е вистина“.

Што се однесува до целиот турнир, Младеновски потенцира дека очекува да одиграат максимално на секоја средба, а најголема шанса за победа гледа против Турција.

„Поставивме цели да играме добро на секој натпревар. Да го покажеме најдоброто од нашиот тим и најдоброто што можеме да го одиграме. Исто така, сакаме да победиме на некои натпревари. Мислам дека имаме шанса против Турција да победиме. Имаме добра хемија во тимот, навистина сме одлично подготвени“.

За тоа како ќе пристапи кон играњето на некои од нејзините идоли на ЕХФ ЕВРО 2024 за жени:

„Има многу играчи, веројатно некои од постарите кои ги гледав на телевизија пред неколку години. Навистина ми е чест да играм против нив. Мислам дека шведскиот тим навистина добри играчи на кои можеш да гледаш и задоволство е да се игра на првенството“. 

Покрај Шведска, Македонија е во група со Труција и Унгарија.

Претходно„Бомба“: Маурицио Сари – селектор на Србија?!
СледноНереди во Белград пред мечот Ц.Звезда – Штутгарт (ВИДЕО)