Ливерпул со порака до Перез: “Го сакате? Нема проблем, ќе ви го продадеме во јануари!“

522

Познати се проблемите со кои се соочува Карло Анчелоти во одбраната на Реал, посебно по тешката повреда на Едер Милитао. Веќе наголемо се презентира дека желбата на “кралевите“ е Трент Александер – Арнолд, бекот на Ливерпул и репрезентацијата на Англија. Секако дека тоа би бил голем трансфер, но во јуни Трент е слободен а ако си замине од “Енфилд“ во јануари ќе треба да се плати отштета.

Токму затоа од таборот на Ливерпул, барем според пишувањето на медиумите во Шпанија и на Островот, челниците на Ливерпул веќе го контактирале Дон Флорентино Перез и му порачале:

Го сакате Трент? Нема проблем, ќе ви го продадеме во јануари“.

Сега на потег е Реал, а интересно е тоа што токму овие две екипи вечерва се среќаваат на “Енфилд“ во меч од 5.коло во Лигата на Шампионите.

ПретходноПолувреме: Добар Вардар, 0:0 е на Арената, Струга ТЛ, Шкендија и Силекс со водство, шоу на Мазари во Кавадарци
СледноНа 942 меча: Пеп за првпат во кариерата испуштил предност од три гола!