Магдебург им се врати на победите и тоа на сметка на Барселона

41

Вечерва се одиграа сите мечеви од деветото коло во рамките на групата Б во Лигата на шампионите, а во центарот се најде Магдебург кој успеа да стави крај на серијата лоши резултати во сите натпреварувања и тоа на сметка на Барселона. Бундес-лигашот на домашен терен го совлада шпанскиот гигант со 28-23 (14-13) и дојде до само третата победа оваа сезона во Лигата на шампиони која ќе го однесе петтото место на табелата.

Петерсон со осум гола и Зендер со седум погодоци беа лидери кај победникот, на другата страна Ричардсон, Родригез и Соуса имаа по четири погодоци.

На останатите средби, Алборг не му остави простор на Кјелце да помисли на победа, на домашен терен го совлада со убедливи 34-26. Овој дуел беше решен во првото полувреме, во кое данскиот тим имаше позитива од седум гола (20-13). Турин и Влах со по шест гола беа најефикасни кај победникот, на другата страна Сургел имаше четири гола.

Во истата група Б, Пик Сегед дојде до шестиот триумф откако славеше против Колстад на гостински терен со 33-36. На овој начин унгарскиот тим остана на второто место на табелата зад Барселона.

ППД Загреб не успеа да дојде до нови бодови, на домашен терен беше поразен од Нант со 22-25.

ПретходноВан Нистелрој ќе биде новиот тренер на Лестер
СледноМилојевиќ кон Кузмановиќ: Звезда победи поради тебе