Големата, огромна победа на тимот на Црвена Звезда на домашен терен во рамките од Лигата на Шампионите вечерва на Рајко Митиќ вечерва беше премиерната за белграѓани во ова натпреварување сезонава. Конечните 5:1 беа едноставно рапсодија во „црвено бело“ затоа што Звезда едноставно го размонтира противникот.
По мечот тренерот на домашните Владан Милојевиќ го прозва екс репрезентативецот на Србија Здравко Кузмановиќ инаку поранешен играч на Штутгарт. Тој изјави пред дуелот дека очекува победа на „Швабите“ и ги поздрави навивачите на клубот.
„Би пратил порака и до Здравко Кузмановиќ. Оваа победа на Црвена Звезда над Штутгарт е поради него. Не смее како патриот тоа да го изјави и да го направи“ – изјави Милојевиќ.