Каталонскиот клуб успеа да оствари нова победа и да ја прекине одличната серија на француски Брест, кој е најголемото изненадување во Лигата на шампионите досега.
Барселона поведе во десеттата минута со голот на Роберт Левандовски од пенал (1:0). Прашањето на победникот Каталонците го решија во вториот дел, Олмо зголеми на 2:0, точка на овој меч стави Левандовски во 92. минута со гол за конечни 3:0. За Полјакот ова беше 101. гол во Лигата на шампионите и покрај Кристијано Роналдо и Лионел Меси, тој е само еден во историјата на Лигата на шампионите со трицифрен учинок кога головите се во прашање.
Сепак, иако Барселона успеа да победи, еден детал го одбележи дуелот, во центарот на вниманието беше Френки де Јонг, кој нема да го памети со задоволство мечот против Брест. Де Јонг влезе во игра дури во 88. минута кога го замени Педри, но од лицето се гледаше колку е шокиран кога ги слушна навивачите на Барселона како го исвиркуваат.
Навивачите на Барселона го исвиркаа Холанѓанецот затоа што не се задоволни од неговите игри, особено не од дуелот со Селта викендот кога загубија од 2:0, а многумина за тоа го обвинија Де Јонг.
❗Pitada a Frenkie De Jong. pic.twitter.com/Flhv0YLoQG
— F C B (@_Barcelonismoo) November 26, 2024
Тие бараат од клубот што поскоро да го продаде овој играч од средниот ред бидејќи сметаат дека тој не ги оправда очекувањата и е тотално надвор од форма.
Сепак, малкумина очекуваа дека ќе го исвиркаат Де Јонг кога ќе влезе на теренот, а тоа го коментираше и шпанскиот новинар Алфред Мартинез кој рече дека тоа е срамен потег на навивачите на Барселона.
„За мене е голем срам што навивачите го исвиркаа Френки де Јонг“, изјави овој новинар.
Овој 27-годишен фудбалер пристигна во Барселона летото 2019 година од Ајакс за речиси 90 милиони евра. Барса веќе се обиде да го продаде, но тој одби, што предизвика најголем гнев кај навивачите.
Де Јонг има договор со Барселона до летото 2026 година и се очекува да го напушти клубот на крајот на сезоната.