Попладнево се одиграа сите шест средби од 16.коло во ПМФЛ. Во дербито на колото под Шара, Шкендија со 2:0 успеа да го победи Шкупи. Чаирчани продолжуваат со лошите резултати, Шкендија пак одново одигра како што треба и победи и освои три нови бода. Шаља и Ибраими беа стрелците за тетовци.
Сепак Шкендија и покрај тоа што победи не е лидер на табелата. Тоа е Силекс кој со 4:1 ја победи Воска и поради подобра гол – разлика од Шкендија и Гостивар ќе биде прв најмалку до следното коло. Овие три екипи имаат по 33 бода.
Кратовци иако играа во одреден момент и со играл помалку блескаа, а Додев, Игњатов, Алиќ и Донов стрелаа за победа.
Гостивар со 0:2 успеа да го победи Вардар на Арената. Првиот дел домашните имаа неколку шанси за водство, но во второто полувреме со головите на Диата и Ивановски дојдоа до победата. Треба да се каже дека голот на Диата беше прекрасен и тоа со шут од далечина.
Работнички им се врати на победите и дефинитивно. Со двата гола на Мазари освоени се трите бода во Кавадарци, нема дилеми, Тиквеш се лизга кон Втората лига.
Струга ТЛ очекувно славеше против Пелистер и тоа со голот на Кехинде уште во првиот дел.
Брера со голот на Мато успеа да освои големи три бода на гостувањето кај Беса.
РЕЗУЛТАТИ ОД 16.КОЛО
БЕСА – БРЕРА 0:1
(/Мато 61.)
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 2:0
(Шаља 4., Ибраими 61./)
СИЛЕКС – ВОСКА 4:1
(Додев 23., Игњатов 66., Алиќ 76., Донов 80./Ларсон 74.)
СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 1:0
(Кехинде 18./)
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0:2
(/Мазари 6., 36.)
ВАРДАР – ГОСТИВАР 0:2
(/Диата 63., Ивановски 87.)