Македонската женска ракометна репрезентација ситно брои до стартот на Европското првенство кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Градот домаќин на групата А на „црвено-жолтите“ е Дебрецин.
Македонија утре ќе ги одмери силите со Шведска, два дена подоцна ќе се сретне со Турција, додека во последниот меч од групната фаза ќе одигра против домаќинот Унгарија. Првите две селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во главната рунда.
Кристијан Грчевски и неговите избранички го одржаа првиот тренинг во „Феникс Арената“, на денешната средба со новинарите порачаа дека ќе сторат се за да ја претстават својата земја во најдобро светло.