Вечерва во меч од 5.коло во Лигата на Шампионите, спектакл на “Енфилд“. Ливерпул го пречекува Реал Мадрид, една европска фудбалски класика на задоволство на љубителите на фудбалот.
Англичаните имаат четири победи во исто толку мечеви, Реал пак како да „запнува“ во ЛШ и мора да оди на победа.
Џуд Белингем во пресрет на овој меч имаше свои одговори на прашањата на новинарите на вчерашниот прес.
Како прво тој одговори на тоа што ќе беше ако во летото 2023 година место во Реал се преселеше во Ливерпул, од каде имаше понуда додека играше за Дортмунд.
“Да, преговарав со Ливерпул, но сепак Реал Мадрид е друго ниво. Кога ќе ве повика Реал тоа е нешто посебно. Искрено цело семејство бевме возбудени кога се дозна дека и дефинитивно одам во Мадрид“.
Тој беше прашан секако и за Родри, за “Златната топка“:
“Видете, Родри е одличен играч, но јас сметам дека позаслужено ќе беше ако истата ја добиеше Винисиус или некој друг од Реал Мадрид. Секоја чест за Родри, но тоа признание требаше да оди во рацете на некој играч на Реал Мадрид“ посочи Англичанецот.