Билд за Максимир: Зарем навистина на овој стадион се игра Лига Шампиона?

349

Во вториот Луга на Шампиони термин вечерва од 21 00 часот на Максимир во Загреб, тимот на Динамо ќе го пречека тимот на Борусија Дортмунд. За домаќинот секако на терен Стефан Ристовски и Аријан Адеми, во дуел во кој домаќинот ќе се обиде да „скине“ скалп на уште еден сериозен клуб од Европа.

Како најава пак за вечерашниот дуел, тиражниот германски Билд објави опширен текст со тема „Максимир“. Легендарниот стадион во Загреб е стар многу децении, а што е уште поважно од тоа речиси и воопшто да не е реновиран.

Убедливо најлошиот објект на кој се игра најдоброто фудбалско клупско натпреварување на светот е опишан како „едно огромно с.ање“ како што го нарекол таксистот кој што авторот на текстот и го одвел до Максимир.

„Зарем? Зарем навистина ова дозволил некој да се игра Лига на Шампиони? Ова е објект кој дефинитивно не исполнува ни најмал процент од стандардите за одигрување на Лигата на Шампионите“ – се вели во текстот.

 

ПретходноБарса тргнува по Исак!
СледноПотешко да се промаши отколку да се погоди (ВИДЕО)